Пендаровски за ветото за договорот: Иванов е откачен од реалноста


Тоа што претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски е очекувана рекација.
Пендаровски, кој му беше противкандидат на Иванов на претседателските избори во 2014 година, вели дека во пракса не ги коментира чекорите на актуелниот шеф на државата бидејќи смета дека „тој живее во друг свет и е откачен од реалноста“.

„Ако луѓето на рефернедумот се изјаснат дека ‘за’, ни Господ не може да го смени тоа, а најмалку поединец“, изјави Пендаровски.

Пред истекот на законскиот рок, Иванов соопшти дека одлучил да не го потпишува Законот за ратификација на договорот со Грција.

Одлуката на шефот на државата веќе е доставена до Собранието, каде според најавите, се очекува веќе следната недела ратификацијата повторно да се најде на гласање пред пратениците.