Патријарх Нофит: Со решавањето на името ќе се придвижи и црковното прашање


Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.

– Се уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање, изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.

Прашан каква е позицијата на БПЦ за афтокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.

– Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме, рече патриајрхот Неофит, без да соопшти повеќе детали.