Патот Приштина-Скопје ќе се затвора секој ден до 18 декември, од 7 до 17 часот


Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Македонија, од утре (сабота, 8 декември) ќе биде затворан за сообраќај секој ден до 18 декември, во периодот од 7 до 17 часот.

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека оваа мерка е донесена поради извршување на градежни работи на автопатот „Арбен Џафери“ кој ги поврзува Приштина и Скопје.