Панче Минов контра ВМРО-ДПМНЕ


Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија”, напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов. Тој е член на партијата ГРОМ која е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Tој вчера присуствуваше на расправата на собраниската Комисија за политички систем. Неговите колеги, пратеници од коалицијата, не присуствуваат на работата на собраниските тела во знак на протест за нивните притворени шестмина пратеници за настаните од 27 април.Минов вели дека не ја напуштил коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На претходните седници присуствуваа и пратениците на Беса и Амди Бајрам, пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Чедомир Саздовски е редовен во работата на собраниските тела сега како независен пратеник, а беше член на ГРОМ.