Падна снег на Попова Шапка, од утре заладување низ цела Македонија


Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на патот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози.

Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Утре времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови.

На планините и повисоките места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од три до девет степени.

И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне во источните делови со повремен слаб снег