Откажана престава во МНТ заради притворањето на Владо Јовановски


Актерите од Македонскиот народен театар ја откажаа вечерва преставата „Ничија земја“ во знак на протест поради притворот на нивниот колега Владо Јовановски. Тие  излегле на сцената и и го соопштиле тоа на публиката. Околу 600 присутни гледачи биле вратени дома.

Актерите овој потег го направија откако нивниот колега Владо Јовановски, кој најпрво беше во домашен притвор, од вечерва доби мерка притвор во истражниот затвор во Шутка.

Инаку поради поројните дождови во изминатиов ден, новиот објект на МНТ почнал да прокиснува, а вработените ја собираат водата со кофи.

МНТ се наоѓа на само неколку метри од реката Вардар, која во изминатиов ден поради надојдените води се излеа во близина на театарот.