Општина Валандово сака да отстапи простор за лицата со посебни потреби


Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да им излезе во пресрет на децата и возрасните со попреченост, соопшти градоначалникот Перо Костадинов.

– Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост. Сите сме различни, но заслужуваме еднакви шанси! – напиша градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на својот Фејсбук профил.

Оваа реакција на Костадинов доаѓа по денешниот протест во селот Тимјаник кои не дозволуваат да се направи мал групен дом за лицата со попреченост.