Општина Аеродром ги менува клупите и кантите за отпадоци


Деновиве се поставува урбана опрема на целата територија на Општина Аеродром.

Дотраената и оштетена опрема се заменува со 100 нови клупи и исто толку канти за отпадоци, за што се издвоени околу 580 илјади денари од буџетот на Општината.

Исто така, на повеќе различни локации се поставуваат и нови 600 заштитни столпчиња и 50 столпчиња со клуч, кои чинат околу 300 илјади денари.