Оперирано кучето на кое му ставија петарди во уста


По два дена трагање, кучето на кое деца му фрлиле петарди во уста во Скопје е пронајдено и оперирано. Од „Анима Мунди“ велат дека е потребна помош за животното да се спаси.
„Насилството врз животните е индикатор за девијантно и болно општество. Ова е кутре кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата. По 2 дена трагање по кучето кое се распаѓало од болка, сега е оперирано и потребна е помош за да се спаси“, велат од Анима Мунди. Тие наведуваат дека  има итна потреба од полиција за животни или служба за превенција, евиденција и санкција на насилството на кое животните се изложени на секој чекор.