Околу 59.000 албански граѓани во 2017 станале државјани на земја членка на ЕУ


Во 2017 година државјанство на некоја земја членка на Европската унија добиле 58.900 албански граѓани.

Според податоците објавени од страна на Евростат, 97 отсто од нив добиле италијанско или грчко државјанство.

Споредено со една година претходно, односно 2016 година, кога околу 67.500 албански граѓани добиле државјанство на земја членка на ЕУ и претставува рекорден број, во 2017 година бројот е помал за околу 13 отсто.

Албанците државјани се на второ место на списокот на странци во однос на добивањето државјанство на земјите на ЕУ по Мароканците (67.900). Мароканците најчесто или 83 отсто станале Италијанци, Шпанци и Французи.

Во целина , според Еуростат, во 2017 година околу 825.000 луѓе добиле државјанство на земја членка на Европската унија, при што е забележан пад споредено со 2016 година( 995.000) и 841.000 во 2015 година.

Од вкупниот број на лица кои добиле државјанство на една од земјите членки на ЕУ во 2017 година, 17 отсто биле поранешни државјани на друга земја членка на ЕУ, додека повеќето се граѓани на земји кои не се членки на ЕУ или лица без државјанство.

По Мароко и Албанија на трето место е Индија, 31.600 од нив 53 отсто станале Британци, четврта е Турција со 29.900 од кои половина станале Германци, Романија 25.000 од нив 32 отсто станале Италијанци, па доаѓаат Пакистан, Полска и Бразил.

Мароканците, Албанците, Индијците, Турците, Романците, Пакистанците, Полјаците и Бразилците сочинуваат 34 отсто од вкупниот број лица кои во 2017 година добиле државјанство на земја членка на ЕУ.