Од 1000 вработени во социјалните центри, 500 не знаат да работат со луѓе


Во центрите за социјална работа има 1.000 вработени, од кои само 500 се само стручен кадар. Останатите не знаат да работат со луѓе и не треба да работат со луѓе, си имаат други соодветни места каде тие лица треба да бидат ставени, но тука се во систем. Ова денеска го изјави министерката за труд и социјална политиката, на констатациите дека центрите за социјална работа не ги превенираат проблемите и дејствуваат откако ќе се случи трагедија.

Според Царовска, од осамостојувањето на Македонија, единствено оваа Влада се грижи да воспостави долгорочен систем на социјална заштита.

-Знаеме дека многу години системот се уриваше. Не дека сега има поголем број случаи. Ист е бројот на случаи, сега имаме и намалување. Јас не ги кријам случаите, ниту имам намера, затоа што само проблем за кој се зборува може да биде решен. Секој чекор што го правиме е во насока на унапредување на системот на социјална заштита, но долгорочно и тоа многу скоро ќе даде резултати – рече Царовска.

Таа додаде дека сите работни места да добијат двостепеност во центрите за социјална работа во новиот закон. Односно, ќе има социјален работник и супер визор над него, за да се избегне опасноста од пристрасност на одлуките што ги носи едно лице.