Од недела заладување и дожд


Поради спуштање на влажна и студена воздушна маса од север, од недела попладне времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот, соопшти УХМР.

Повремено ќе дува засилен северен ветер, дневните температури ќе опаднат за 8 до 10 степени, а утринските ќе бидат и под нулата.