Одобрено обвинението за „Трезор“


На поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков же му се суди и за случајот „Трезор“.

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство за „Трезор“. Обвинети во овој случај се поранешниот директор на УБК Сашо Милајков, шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и поранешниот помошник министер во МВР Небојша Сајковиќ.

Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на Петтата управа при УБК.

Се очекува предметот да биде распореден на судија кој ќе ја води постапката и да биде одреден термин за почеток на судењето.