Одложена средбата со производителот на вакцините


Состанокот на министерот за здравство Венко Филипче, закажан за денеска попладне со одговорните претставници на белгиската компанија производител на вакцината „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, се одложува. Причината е снегот, бидејќи претставниците на белгиската компанија загравиле на аеродром и утринскиот лет им бил одложен. Средбата најверојатно ќе се одржи вечерва или утре сабајле, дознава „Независен весник“ од извори во Министерството за здравство.

Претставниците на белгиската компанија доаѓаат во земјава откако Министерството го  извести го производителот на вакцините за направената техника грешка – аплицирањето декларации со истечен рок на вакцините кои беа откриени при вонредниот инспекциски надзор во здравствените домови што го изврши комисијата формирана по барање на министерот  Филипче.

(В.М.Л.)