Ограбена аптека во Скопје


Синоќа, била ограбена аптека во Скопје, а крадецот избегал со парите од дневниот промет, соопшти полицијата.
Во вторникот,  во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на улица „Благоја Паровиќ“ непознат сторител извршил разбојништво и ги одзел парите од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.