Огнен Јанески ќе биде новиот главен и одговорен уредник на Телевизија 24


Новинарот и водител Огнен Јанески од јануари ќе ја преземе функцијата главен и одговорен урендик на Телевизија 24. Тој соопшти дека ја прифатил понудата за оваа функција и од новата година ќе соопшти за евентуални нови програмски форми.

– Поминав низ многу комуникации и соработки со досегашните главни и одговорни уредници на телевизијата и научив многу од нив. Колегите ми се постојана поддршка во се’ што правам, па така тоа и ќе продолжи понатаму, преку колективно живеење на сонот за медиум кој себеси се издигна за неколку години во водечките во Македонија – вели Јанески.

Тој доаѓа на оваа позиција, откако досегашниот главен и одговорен уредник на телевизија, Младен Чадиковски информираше дека се повлекува од уредништвото, но ќе продолжи да работи како новинар. Чадиковски влеи дека одлуката да се повлече ја донесол во моментот кога решил да се кандидира за претседател на Здружението на новинарите.

– На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер – рече Чадиковски.