Облачно и студено, со врнежи од снег


Денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието, па ќе има услови за појава на навеви од снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје и Дојран 1, Охрид, Битола и Крива Паланка 0, Маврово -5, Берово -3 и Кавадарци -2 Целзиусови степени.

И за утре прогнозата е променливо облачно и студено, во источните делови со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од -4 во Маврово, -3 воБерово, Охрид, Крива Паланка и Прилеп -1, Кавадарци -2, Скопје и Дојран 0 степени.