Обвинителството презема истражни дејствија во врска со смртта на Саздовски


Основното јавно обвинителсто Скопје презема истражни дејствија за утврдување релевантните факти во врска со претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски.

– Јавното обвинителство презема истражни дејствија за утврдување  на факти, велат од Обвинителството.

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а по третиот полицијата се уште трага.

Тројцата се осомничени дека на 29 јуни брутално го претепале младиот Никола Саздовски на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда.

Момчето почина завчера на КАРИЛ, каде беше примено пред десетина дена со тешка повредата на мозокот.