Oбвинителка отпуштена од СЈО, кандидатка за „организиран криминал“?


Советот на јавни обвинители е пред избор на обвинители кои треба да преминат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но оттаму нема информации за бројот на пријавени кандидати и нивниот профил. Според непотврдени сознанија до кои дојде правосудство.мк една од кандидатките е и обвинителка која беше избрана во првиот тим на Катица Јанева, а која од непознати причини беше отпуштена од Специјалното јавно обвинителство.
За скандалот да биде поголем за оваа обвинителка се говори дека сега е пред сигурен избор, бидејќи таа, наводно, била во блиски роднински односи со Коле Штерјов, актуелен претседател на Советот на јавни обвинители. Шпекулациите одат до таму што истиот човек се спомнува како лице кое што, наводно, по нејзиното отпуштањее од СЈО, и помогнало да се врати на старото работно место.