Обвинет за 27 април: Зад упадот во Собрание стоела УБК


Луѓето кои маскирани упаднаа во Собрание на 27 април минатата година, додека траеле протестите биле на готовс и знаеле дека кога СДСМ ќе се обиде да формираат влада или да изберат претседател на Собранието ќе треба да се влезе во Собрание.

Ова произлегува од сведочењето на еден од обвинетите за упадот во Собрание, Стефан Младеновски кој една година помина во притвор, а сега е во куќен притвор.

Според неговото сведочење, насоките за тоа кога да се влезе во Собрание ги давал Александар Василевски Нинџа, а позади него стоел тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски кој му бил близок пријател на Нинџа.

Во своето сведочење тој обвини дека луѓето кои немаат п од патриотизам го злоупотребиле чесниот македонски народ.
Младеновски е прв обвинет кој кажа директно кој стои зад упадот во Собрание.

Ф.Ф.С.