Новинарка нападната додека известувала за Водици


Во Градската болница со повреди на раката и вратот завршила новинарката од Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кога во еден момент дошло до влечење и туркање во центарот на Скопје, каде новинарски екипи известувале за одбележувањето на верскиот празник Водици.

Новинарката била истуркана од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“, ангажирани по наредба на македонската православна црква како единствен организатор на настанот, беше брутално избуткана, навредувана и влечена, поради што заврши во градската болница со повреди на раката и вратот.

Канал 5 најави дека ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.