Уште една трагедија: Двајца загинаа кај Сопот


Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14,30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот, патничко моторно возило „рено меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б. (35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М. (36) од Кочани.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Синоќа, две лица загинаа во сообраќајка на патот Битола – Прилеп. Според првичните податоци, во сообраќајката учествувале тешко товарно возило и патничко моторно возило, и притоа тоа на местото на сообраќајката загинале две лица, односно Џ.И. (34) и А.И. (27).