Нова година ќе ја дочекаме во магла и облаци


Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус шест степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во Скопје слично време. Минималната температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне осум степени.
За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени, а дневните температури во благ пораст, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.