Нимиц, Ципрас и Коѕиас пречекани со аплауз во Псарадес


Медијаторот на ОН Метју Нимиц, како и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот ан дипломатијата Никос Коѕиас беа пречекани со аплаузи во Псарадес. Тие со автомобили пристигнаа на локацијата каде што ќе се потпише договорот за името. Таму се веќе и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан и се чека во секој момент да пристигне македонската делегација.

Ципрас на пристаништето го чека македонскиот премиер Зоран Заев.

Атмиосферата во Псарадес е позитивна.

Таму се присутни многу новинарски екипи, а локацијата е под силно обезбедување. На церемонијата пристигнаа и пратениците на Сириза од оваа област, кои со аплаузи го дочека Ципрас.

Посебно расположен е медијаторот на ОН Метју Нимиц, затоа што договорот се потпишува на неговиот 79 роденден. Присутните во Псарадес му испејаа на Нимиц роденденската песна.