Никола Љушев, нов главен извршен директор на Македонски Телеком


Никола Љушев стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком (МТ) од 1 јули годинава.

– Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество, соопшти денеска Македонски Телеком.

Оттаму наведуваат дека Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија групацијата. – Од Телеком соопштуваат дека Љушев истовремено ќе продолжи да ја врши функцијата на која е во последната година – главен извршен директор на Црногорски телеком (членка на Дојче телеком групацијата). Претходно, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.