Никола Попоски се повлекол од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ


Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ поднел оставка од сите органи на партијата.

Оставката ја депонирал уште пред три недели, пренесе Плусинфо.

Никола Поповски, кој пред извесно време беше еден од споменуваните можни кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ неизвесно е дали ќе влезе во битката за претседател.

Попоски не беше потписник на писмото потпишано од 30 партиски функционери и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во кое тие бараат одложување на конгресот закажан за викендов во Валандово и фер плеј во организацијата на следен конгрес на кој би одлучувале 5.000 делегати.