Не полета авионот од Истанбул за Скопје поради временските услови


ТАВ Македонија соопшти дека поради временските услови, утринскиот лет од Истанбул до Скопје е откажан.

Според временската прогноза која ја добиле од М-НАВ, подобрување на временските услови се очекуваат по 10 часот, што треба да овозможи летовите да бидат реализирани според редовниот распоред на летање.

Од ТАВ Македонија ги потсетуваат патниците да ја следат веб- страницата на скопскиот аердром skp.airports.com.mk, каде сите можни промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време.