„Нешнл географик“ по референдумот во Македонија анализира кои земји си го смениле името


На неодамнешниот референдум во Македонија, граѓаните одлучија дека сакаат да си го задржат името на својата земја. Меѓутоа, според „Нешнл географик“, доколку одговорот на референдумот беше поинаков, Македонија не би била единствената земја што би си го променила името.

Според текстот на „Нешнл географик“, промената на името на некоја земја не е ретка. Неодамна, во април 2018 година, по повод 50-годишнината, Свазиленд, последната африканска апсолутиситчка монархија, стана Кралство еСватини (малото „е“ не е грешка). Кралот Мсвати III тврдеше дека луѓето надвор од Африка ја мешале неговата земја со Швајцарија. Но, за разлика од швајцарската демократија каде што претседателите се избираат директно на избори, кралот Мсвати III директно го наследи тронот од својот татко во 1986 година. И, за разлика од швајцарскиот претседател, кој има една жена, Мсвати III има петнаесет.

Подобра припознатливост, зајакнување на идентитетот или политичкиот компромис може да биде една од причините за промена на името на државата. Чешката Република би сакала да стане Чехија (анг. Czehia, име кое се користи од 2016 година) бидејќи, како што велат официјалните претставници, еден збор подобро го промовира националниот идентитет.

На следниов линк прочитајте кои други земји си го имаат променето името.