Ненајавена смена на заменикот за земјоделство


На предлог на премиерот Зоран Заев, парламентот го разреши денеска и досегашниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, а на негово место е избран Благе Цветковиќ.

Ова е единственото разрешување на член на владиниот кабинет во текот на денешната седница, со оглед на тоа што другите министерски и заменички места се пополнуваа поради оставки што беа поднесени пред локалните избори.

Во предлозите за разрешување на Димковиќ и за именување на Цветковиќ нема образложение зошто се прави оваа смена на заменичкото место, кое при распределбата на владиниот колач ѝ припадна на Српската странка, како коалициски партнер на СДСМ. Објаснување за ненајавената смена не добивме ниту од Владата, ниту од СДСМ.