Нема проширување на преговарачкиот тим на средбата со Нимиц


Информацијата пренесена на повеќе медиуми во врска со учеството на повеќе лица во процесот на преговорите, надвор од преговарачкиот тим е неточна, изјавија за МИА од МНР.

Како што и претходно во неколку наврати беше посочено од МНР, во Брисел на 12 декември 2017 на преговорите за надминување на разликите за името ќе присуствува преговарачот Васко Наумовски, амбасадор на Република Македонија во САД заедно со дипломат од МНР. Истиот формат кој е договорен со преговаралот Метју Нимиц ќе биде и од грчката страна, односно преговарач плус дипломат.

– Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамоошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес, посочуваат за МИА од МНР.