Нема притвор за осомничените во „Поштенска банка“


Нема притвор за тројца од осомничените во најновата истрага на СЈО со кодно име „Поштенска банка”, јавува Макфах.

Судијата на претходна постапка, Седат Реџепаѓиќ, одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени.

Наместо тоа, на Коле Смилевски судот му го одзеде пасошот, а за останатите двајца Томе Главчев и Ратко Димитровски, беа изречени мерки да се јавуваат во судот.

Специјалното јавно обвинителство најави жалба во врска со оваа судска одлука.

Со истрагата за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273, покрај тројцата наведени, опфатени се и Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.