Нема да има цензура за филмот на Јани Бојаџи


Судијката Сузана Дончевска денеска го прифати барањето на Небојша Јовановиќ од здружението „Арт синема“ за повлекување на времената мерка од 30 дена за забрана на филмот „Ругање со Христос“.

Основниот суд Скопје 2 на денешното рочиште констатираше дека е повлечен предлогот за времена забрана.

Предлогот за забрана беше поднесена од Министерството за култура преку Државниот правобранител со образложение дека филмот шири говор на омраза и ги навредува Албанците.

На денешното рочиште присутен беше Небојша Јовановиќ, организатор на фестивалот за дебитантски филм „Киненова“ и неговиот адвокат Влатко Китановски, како и претставник од Хелсиншки комитет. Немаше претставник од министерството за култура ниту од државното правобранителство.

Филмот на Бојаџи вечерва ќе се прикажува во Штип, а во Прилеп до крајот на месецов. (И. Настеска)