На Мијалков и на Јанкуловска в петок ќе им се суди за прислушувањето


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, в петок ќе седне на обвинителна клупа за аферата со нелегалното прислушување за кое го обвини СЈО во предметот наречен „Тврдина – Таргет“.

Мијалков е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањето и примање награда за противзаконито влијание. Во овој предмет се споени двете истраги на СЈО, а покрај Мијалков, обвинети се и бегалците во Солун, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за фалсификување службена исправа.

Обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на Мијалков.

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров под истрага на СЈО, за сомненине дека во 2012 година при набавка на ренген апарати во четири установи, сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.