На Груевски му бил даден рок од триесет дена да си даде оставка


Петар Богојески од републичкиот штаб за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ во  изданието на „Само Вистина“ посочи дека на Груевски му бил даден рок од триесет дена да ја преземе вината за изборниот пораз, да си даде оставка и да организира конгрес.

„Ние му го дадовме тој рок како разумна рамка за да има време да се подготви на таквиот чекор“, рече Богојески, кој нагласи дека најважно од се е да се конципира прво нов статут на партијата кој нема да му дава неограничени права на идниот партиски лидер кој би можело да се бира двапати последователно со мандат од по четири години.

Богојески не ја исклучува можноста вонредниот конгрес, што го најави Груевски, да е конгрес на кој би бил избран некој негов  близок соработник на кого, тој би му бил сенка, а како можна таква личност, Богојески го наведе актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Но, сепак наведе, дека одлуката за конгресот ја градат партиските тела во кои има приврзаници на идејата и предлогот на реформаторите за одржување на слободен, демократски и обединителен конгрес.Идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Богојески го гледа од редовите на партијата но, децидно не прецизира дали тој би бил од редовите на реформаторите.

Александар Пандов кој е член на ВМРО-ДПМНЕ но не активен, инаку поддржувач на политиките на актуелното раководство, рече дека се повеќе очекува целата оваа ситуација да резултура со организирање два конгреса, веројатно мислејќи на неможноста да се изгради единство во партијата. Тој рече дека не би прифатил да е член на партија или од Богојески.