Најчитаните 10 авторски текстови на Независен весник


Неполни два месеца откако медиумкиот простор се збогати со портал и печатен весник под заедничкото име Независен весник (www.nezavisen.mk). Како што најавивме на самиот почеток нашата идеја е да исчекориме од „копи пејст“ новинарството и да ја вратиме оваа професија на стандардите што ја правеа вредна за постоење.

Да ги ставиме фактите во контекст, да ги објасниме последиците и да дадеме перспектива на настаните. Да анализираме, да коментираме, да пренесуваме, да провоцираме, се во интерес на подобрата информираност и критички став на читателите за нивното секојдневие.

Да информираме со објективност, со независност, со стручност, со интегритет, со професионалност и со кредибилитет, отворајќи му фронт на површното и „фејк“ новинарство кај нас и пошироко.

Според мерењата на читаност на нашиот портал знаеме дека сме на вистинскиот пат да ја задоволиме читателската глад за авторски текстови.

Завршувајќи ја оваа календарска година ви ги претставуваме нашите 10 најчитани стории:


Ексклузивно со Наталија Грубовиќ : Ќерка ми Натали ми го смени животот

Модните писти и ТВ-екраните пред година и пол ги замени со домашен амбиент и бизнис-кариера. Скопје го замени со Нови Сад, статусот сингл го смени со мажена жена, презимето во Глушац, а од пред два месеца со сопругот, Црногорецот Дрен, адвокат и бизнисмен, се израдуваа на приновата во семејството – ќерката Натали. Не е грешка. И ќерката и мајката имаат исто име. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Холивуд го фали, Македонија не го вработува

Благој Веселинов (33) е името кое во последниов период одекнува сѐ погласно во странските филмски магазини, но и кај нас. Дипломираниот актер на ФДУ веќе десетина години е активен во независните и професионалните театри во земјава, има помали улоги во филмовите „Сенки“, „Панкот не е мртов“, „Балканот не е мртов“ и ја игра главната улога во филмот „Исцелител“. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Бонусите се делеле во 3 часот по полноќ

Членовите на Државната изборна комисија си ги доделиле бонусите за напорната работа пред и по локалните избори на затворена седница во три часот по полноќ, дознава „Независен весник“. Одлуката била донесена едногласно, за неа гласале и членовите поставени од страна на опозицијата, од власта, како и независните експерти.Целиот текст прочитајте го ТУКА.


Најтешката животна битка на Сани: На зрели години повторно учев да одам

По три месеци прикованост за кревет, борба со патерици и повторно застанување на нозе, ексманекенката и проект-менаџер Снежана Богдановска-Сани повторно се врати на модните и јавните настани во Скопје. По падот на влезот на скопски ресторан, дијагнозата – фрактура на бутна коска и успешната операција од страна на д-р Виктор Камнар, Сани продолжува со животот, посилна од кога и да е. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Самсоненко: Останувам во Вардар и во Македонија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ги „закопа секирите“ со новата власт и дефинитивно останува во Македонија. Газдата на европскиот машки ракометен шампион, женскиот ракометен вицешампион и македонскиот фудбалски шампион, и наредната година ќе ги финансира трите секции на Вардар, потврдуваат неговите најблиски соработници за „Независен весник“. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Јане Велковски: Фудбалот е се во мојот живот 

Барбики, колички, нова соба, таблет, мобилен телефон, компјутер, плејстејшн, велосипед, тротинет, спинер, братче или сестричка се најчестите желби што се содржани во детските писма до Дедо Мраз за Нова година. Ни приближно таква не е единствената на Јане Велковски, девет и полгодишно момче од Скопје. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Амди Барјам пред нов прелет во владино јато

Амди Бајрам влезе во овој собраниски состав како пратеник со најмногу мандати, а сега е на пат да ја освои и „титулата“ политичар со најмногу прелети од СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ и обратно. Тој објави деновиве дека ја напушта пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што во последните неколку мандати беше избиран за пратеник, и дека во наредниот период ќе дејствува самостојно – како претставник на Сојузот на Ромите на Македонија. Целиот текст прочитајте го ТУКА.


Бејли прави беља

Американскиот амбасадор Џес Бејли пак ни направи една голема беља. Што му требаше да зборува пред студенти за корупција давајќи конкретни примери. Ни отвори ептен работа. Целиот текст прочитајте го ТУКА.


Живот во минус

Наскоро ќе бидат 10 години откако сум редовен професор, 20 години откако докторирав и 30 години откако се вработив. Како што би рекол чичко Панта – се’ тече, се’ се менува, така и низ овие години се менуваше земјата во која се родив, името на улицата на која живеев, училиштето во кое учев, кафулињата во кои излегував и се сменија катрљон работи во она што се нарекува секојдневен живот. Целиот текст прочитајте го ТУКА.


ДИЗАЈНЕРКАТА ИВАНА КНЕЗ ОСЛАБЕ 25 КГ: Им станав инспирација на девојките

Дизајнерката Ивана Кнез сега изгледа како мачка, симболот од нејзините ѓердани. Кога ги подготвува колекциите , секогаш е „драма“ како што се вика нејзиниот бренд. Таа е жена и пол, како жената, силна, моќна и самосвесна во нејзините колекции. Ретко кој знае дека е дипломиран костимограф, на Академијата за убави уметности во Белград . Целиот текст прочитајте го ТУКА.