Најмногу дожд утринава во Пожаране, најстудено во Битола, Маврово и Лазарополе


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране – 45 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје и Демир Капија – пет литри на метар квадратен. Најстудено утрнава било во Битола, Маврово и Лазарополе каде во седум часот се измерени четири степени, а најтопло во Демир Капија каде утринската температура била 13 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска претпладне најавува облачно време со дожд кој локално ќе има пороен карактер, а во југоисточните делови ќе биде проследен со ретки грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од осум до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.