Најдолговечниот министер стана советник на Заев


Поранешниот министер за евроинтеграции, за одбрана и за економија, Фатмир Бесими, стана советник за економија во кабинетот премиерот Зоран Заев.  Тој е биде дел од владината делегација во Будимпешта на Самитот на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Бесими е еден од најдолговечните министри од редовите на ДУИ во последните 13 години. Министерувањето го почна  уште со претходната влада на СДСМ и на ДУИ, во времето кога премиер беше Владо Бучковски, за потоа да се пресели и во кабинетот на Никола Груевски.

Тој беше министер за економија од 2004 до 2006 година во владата на Бучковски, а министеруваше со ресорот економија и од 2008 до 2011 година во владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. По предвремените парламентарни избори во 2011 година, тој го смени ресорот и беше назначен за министер за одбрана. Во 2013 година, пак, беше назначен за министер за евроинтеграции и на оваа функција беше до април 2016 година, кога ДУИ ја смени целата министерска постава во кабинетот на Емил Димитриев. Бесими беше „жртва„ на бранот на промени во ДУИ, но еве пак се врати во владата, иако на друга функција. (П.Р)