Најавена средба Заев-Мицкоски


Прес-службата на Владата најави дека во 14:30 часот ќе се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заеви претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски утрово преку прес-конференција побара итна и неодложна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев на која ќе се разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас за севкупна употреба на името Република Северна Македонија за државава.