Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес


Македонската делегација што ќе учествува на потпишувањето на договорот за промена на името со Грција, во местото Псарадес само што тргна со чамец (9.30 часот по македонско време) од Отешево. Во делегацијата, покрај премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. Месноста во Мала Преспа е под силно полициско обезбедување. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и  Никос Коцијас. На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Се очекува присуство на високи претставници на Европската унија.