Насер Рауфи, за случајот „Монструм“: „Наскоро ќе се знаат вистинските убијци“


Според тврдењата на Рауфи, случајот „Монструм“ е оркестриран и организиран од тајните служби и ќе биде расфетлен по најмногу пет сослушувања

За ДУИ разврската од случајот „Монструм“ очекувана и праведна, од ВМРО – ДМПНЕ со остри обвинувања: Вистинските терористи со ослободуваат а патриотите се апсат!

И по неколку денови не стивнуваат реакциите на политичките партии околу ослободувањето на обвинтетите за случајот „Монструм“. Во разговор за „Независен весник“ адвокатот на обвинетите лица, Насер Рауфи, најави дека очекува во скоро време со име и презиме да излезат во јавност вистинските организатори на случајот „Монструм“ и дека Специјалното јавно обвинителство има обрска овој случај да го превземе во своја ингеренција. Рауфи објасни дека обвинеттите за овој случај не се во домашен притвор, дека се слободни, но имаат обрска да се јавуваат во судот и да не го напуштат Скопје.

„Случајот „Монструм“ е оркестриран и организиран  од тајните служби и истиот очекувам да биде расветлен најмногу по пет сослушувања. Ова го велам бидејќи очекувам обвинителството да се повлече затоа што немаат доволно докази за делата за кои што се товарат моите клиенти. Исто така, мислам дека мотивот поради кој овој случај е монтиран, е политички и набрзо со име и презиме ќе бидат дознаени вистинските организатори и реализатори на овој случај“, изјави Насер Рауфи.

Еден од обвинтетите во случајот „Монструм“, Хаки Азири, во изјава за ТВ Шења рече дека правдата конечно излегла на површина и дека за него и неговото семејство бил шок денот кога бил уапсен.

„Емоциите не можат да са опишат. Ние се уште сме во шок, како во сон, не можеме да поверуваме. Исто така во шок бевме и денот кога не уапсија, но секогаш бевме уверени во нашата невиност и дека правдата ќе си дојде по своето“, изјави Хаки Азири.

И политичките партии со свои ставови за текот на случајот „Монструм“. За коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ, епилогот на „Монструм„  бил очекуван, праведен и во правец на реформите што ги бара Европската Унија. Од партијата на Ахмети упатуваат остри критики за албанските партии кои според оваа партија, за политички поени и цели ја злоупотребуваат оваа судска одлука.

„Демократската унија за интеграција ја поздравува одлуката на Врховниот суд за повторно судење за случајот „Монструм“ и за ослободување на обвинеттите кои ќе се бранат од слобода. Барањето на обвинителството, како и одлуката на судиите, се фер и во согласност со нашите и очекувањата на граѓаните. Ние сме цврсто посветени на реформата на судството во согласност со препораките на Европската Унија и владеењето на правото и законот во сите други контроверзни случаи што предизвикаа сомнеж за сите нас. Одвратна и за жалење е злоупотребата од страна на албанските политички партии во нивните реакции на овој посебен ден и оваа добра вест. Политичката злоупотреба на судбината на народот и неуспехот да се даде придонес во решавањето на спорните прашања се заменува со клеветничка, разделувачка  и запалива реторика,“ реагираа од ДУИ.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ,пак, со остра реакција за ослободувањето од лицата обвинети во случајот „Монструм“. Според партијата на Никола Груевски, додека патриотите, лицата кои се бореле за Македонија и ја сакаат земјата се апсат, од друга страна главните лица, тие што го извршија убиството на петте момчиња, се пуштени на слобода.
„Главните лица кои ги извршија убиството на децата во Смилковското езеро за овие дела ќе се бранат од слобода, додека пак се апсат патриоти кои ја сакаат својата држава“, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

 Блерим Исмаили