Намалена видливост поради магла на Маврово и на Стража


Сообраќајот низ целата држава се одвива тековно по влажни коловози. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патните правци Маврово и на Стража.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.