„Мagyar idok“: Груевски доби азил во Унгарија


Канцеларијата за имиграција и бегалци на Унгарија му одобри азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, објави попладнево провладиниот унгарски весник „Мagyar idok“, повикувајќи се на извори во Канцеларијата и во Владата.

Канцеларијата за имиграција и бегалци заклучила дека ако Груевски биде вратен во Македонија, ќе биде предмет на прогон поради неговото политичко минато и изнесените обвинувања против него.

Како што наведува „Мagyar idok“, Канцеларијата за имиграција и бегалци ја донела одлуката по детално разгледување на барањето и поднесената документација од Груевски.

Засега нема официјална потврда, ниту од унгарските, ниту од македонските власти, дека на Груевски му е одобрен азил.

Македонското Министерство за правда попладнево соопшти дека го испратила барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија во Македонија.