Мускат: Поддршка од Малта за евроинтеграциите


Имате поддршка од Малта најмалата членка на ЕУ да станете дел од Унијата. Вие сте само малку поголема земја од нас, но поентата е дека зачленувањето нема никаква врска со големината на земјата, туку со визијата што ја има земјата, порача премиерот на Малта Џозеф Мускат на денешната заедничка прес-конференција со неговиот македонски домаќин Зоран Заев.

Мускат вети поддршка на политички и на технички план штом ги започнеме преговорите, и подготвеност за споделување на искуствата за скрининг процесот и за техничкиот процес за зачленување во ЕУ. Тој му честиташе на премиерот Заев за начинот на кој го води процесот на измените на Уставот.

-Знаеме дека тоа не е лесно. Промените не се лесни и би било полесно да играте на страната на одржување на статсус кво. Вие тоа не го направивте и верувам дека вашите одлуки ќе бидат ценети од вашиот народ затоа што имаат за цел постигнување подобар стандард за вашиот народ. Среќни сме со илјадниците Македонци што живеат и работат во Малта. Се радуваме што одлучивте да отворите конзуларни услуги во Малта кои ќе им нудат услуги на вашите сонародници, рече Мускат.

Премиерот Заев изрази задоволство од оваа прва официјална посета на премиерот на Малта на Македонија која ја смета за силен знак дека двете земји им даваат особено значење на унапредувањето на односите меѓу двете земји покрај поддршката за нашите евроинтеграции.

– Зацврстувањето на билатеалните дипломатско-политичкии односи даваат силен импулс за интерензивирање на економската соработа. Во таа насока се договоривме да ги поттикнеме стопанските комори на двете земји да воспостават комуникација и ги препознаат можностите што се отвораат во нашата земја како скорешен член на НАТО и на ЕУ, вели Заев.

Според него, постојат големи можности за развој на економските врски и пораст на трговската размена која изнесува само околу 300.000 долари. -Со воведувањето на новата директна авиолинија во Ла Валета се стигнува за еден час и 20 минути. Ова претставува нова можност за развој и туризмот и на трговијата и на меѓуќовечките односи, рече Заев.

Двајцата премиери се заложија за соработка и во областа на трговијата, здравството и други области од заеднички интерес.

Премиерот на Малта Мускат за време на првата официјална, и воедно возвратна посета на Македонија имаше средби и во Собранието на РМ и со претседателот на држвата Ѓорге Иванов.