МОН: Дваесет дена за предлози по предлог-законот за високо образование


Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите засегнати страни во наредните 20 дена, до 6 јануари 2018 година, да дадат коментари и предлози по предложениот текст на законот за високо образование.

Нацртот на новиот закон, како што соопшти, е подготвен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија  https://ener.gov.mk/, а коментарите и предлозите може да се доставуваат на [email protected] или до архивата на МОН (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

– Имајќи ја предвид значајноста на законот за високото образование, а притоа водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација околу нацртот на новиот Закон за високото образование – наведува МОН и додава дека коментарите и предлозите се добредојдени за подобрување на нацрт-верзијата на законот.