Могерини: ЕУ е заинтересирана за прием на земјите од Западен Балкан


Европската унија е заинтересирана шесте земји од Западен Балкан да станат дел од европското семејство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Не сметам дека Европската унија во иднина ќе има 27 земји членки, туку сметам дека нивната бројка ќе биде поголема, изјави Мигерини во интервју за телевизијата Еуроњуз.

Таа нагласи дека очекува до истекот на мандатот на сегашната Европска комисија по две години, ЕУ да постигне напредок во односите со шесте западнобалкански земји.

– Напредок што нема да биде доведен под сомнеж. Навистина верувам во тоа, нагласи Могерини.

Според неа, интересот на Брисел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е повзран со безбедносни и економски причини.

– Се разбира прво треба да се спроведат сите неопходни реформи. Во општествата и во работата на политичките институции треба да се извршат сериозни промени. Политичките лидери и граѓаните во регионот се подготевни за тоа, оцени Могерини во интервјуто.