Многу високи функционери отсутни на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ   во Валандово не дојдоа дел од поранешните министри во владата на Никола Груевски, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски и  Владимир Пешевски, кои беа членови на највиоските партиски тела. Исто така пратениците Антонијо Милошоски , Илија Димовски и Трајко Вељановски јавно соопштија дека немаат намера да присуствуваат на конгресот откако со писмо  побараа тој да се одложи.

На Конгресот во Валандово присуствуваат како делегати Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, сите против кое Специјалното јавно обвинителство поведе повеќе истраги и подигна обвиненија по објавувањето на прислушуваните разговори. Утре  на делегатите ќе им се обрати досегашниот лидер Никола Груевски, а потоа ќе се гласа и доколку биде избран единствениот кандидат христијан Мицковски, најавено е и негово обраќање.