Мијалков спроведен во Шутка


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вечерва е спроведен во притвор во истражниот затвор во Шутка.

Специјалното јавно обвинителство денеска побарало мерка притвор за случајот Таргет-Тврдина, предмет за масовното прислушување.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево ја одобрил мерката притвор од 30 дена.

Екс директорот е обвинет во неколку случаи што ги води СЈО, „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.