Мијалков не се чувствува виновен за случајот „Трезор“


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков не се чувствува виновен за случајот „Трезор“, во кој се товари за криминална набавка на опремата за следење на електронски комуникации. Во овој случај обвинет е и поранешниот разузнавач Горан Грујевски за кого судот одлучи да му се суди во отсуство. И другите обвинети Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски не се чувствуваат виновни.

Обвинетите во „Трезор“ се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

(Ф.Ф.С)