Хан: Ја поздравив посветеноста на Мицкоски да не го кочи процесот Договорот од Преспа во Собранието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП) остварил средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

Хан на твитер мрежатa објави дека имал корисни разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграции и е потребна конструктивна опозиција“, ќе заклучи Хан.

 Мицкоски по средбата, на Фејсбук напиша:

„Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ“.