Мицкоски се сретна со Вучиќ во Белград


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претседателот на Србија и претседател на владејачката СНС, Александар Вучиќ. Како што се вели во соопштението на ВМРО, Мицкоски со српскиот претседател разговарал за состојбите во регионот, како и за можноста за соработка на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и СНС.

„Имав можност во Белград да остварам средба со претседателот на Република Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ. Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, се вели во соопштението.